Поранешната ѕвезда на Ливерпул, Дарвин Нуњез, се подготвува за изненадувачко враќање во европскиот фудбал, само една сезона по трансферот во Ал-Хилал.
Причината за ваквиот развој е шокантниот зимски трансфер на Карим Бензема во Ал-Хилал.
Поради ограничувањата за бројот на странски фудбалери во саудиската Про лига, Нуњез се најде како „вишок“ во ростерот и беше отстранет од списокот за домашното првенство. Во моментов, тој има право на настап само во натпреварувањата од АФЦ Лига на шампиони.
„Дарвин Нуњез воопшто не е задоволен од ситуацијата. Пристигна пред само неколку месеци, а веќе е надвор од лигашкиот состав. Ова е техничка одлука по доаѓањето на Бензема и сосема е нормално играч со негов карактер да реагира на ваков начин“, вели неговиот агент.
Според информации од Англија, агентите на напаѓачот веќе работат на негово враќање во Европа. Остварени се контакти со претставници на Тотенхем и Њукасл за кам-бек во Премиер лигата.
Во моментов, Нуњез заработува околу 400.000 фунти неделно, но според истите извори, е подготвен на значително намалување на платата за да го реализира трансферот и да се врати на највисоко европско ниво.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Арачиново е хит на досегашниот тек од првенството, а нанижа уште една победа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Диего Контрерас (Арсими)
Шкендија имаше идеален старт на сезоната, но се чини дека и лидерот влезе во...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Роналдо и Ал-Наср посрамени во Абу Даби (ВИДЕО)
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Евро-фудбал
Интер без Чалханоглу на дербито со Рома?
Евро-фудбал
Ајакс доби засилување од Премиер – лигата
Евро-фудбал
Бетис на гости го победи Вилјареал (ВИДЕО)













