Connect with us

Тотенхем го посакува Фоларин Балогун, напаѓачот што не по своја вина стана „ѕвезда“ на мундијалот

Тотенхем сериозно ја разгледува можноста да го доведе Фоларин Балогун од Монако, објавува францускиот „Л’Екип“.

Според информациите, лондонскиот клуб во изминатите 24 часа започнал да ги поставува основите за преговори со Монако за 25-годишниот американски репрезентативец. Трансферот би можел да вреди околу 60 милиони евра.

Балогун со Монако има договор до 2028 година, а минатата сезона остави солиден впечаток во францускиот клуб. Напаѓачот постигна 19 голови на 45 натпревари во сите натпреварувања.

За неговиот потпис интерес има и од други клубови од Англија и Шпанија, но Тотенхем во моментов се обидува да го забрза процесот и да го доведе Балогун во Лондон.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови