Дефанзивецот на Тотенхем, Мики ван де Вен, потпиша нов петгодишен договор со лондонскиот клуб.
Холандскиот репрезентативец пристигна во Северен Лондон од Волфсбург во 2023 година, а неговиот прв договор беше со важност до 2029 година. Сега двете страни се договорија за продолжување на соработката.
Според „Би-Би-Си“, Ван де Вен ја разгледувал својата иднина во Тотенхем пред назначувањето на Роберто Де Зерби за тренер во март. Италијанецот одиграл клучна улога во одлуката на 25-годишниот дефанзивец да остане во клубот.
Ван де Вен беше дел од тимот кој ја освои Лигата на Европа во 2025 година, а во финишот на минатата сезона ја носеше и капитенската лента во последните шест натпревари, кога Тотенхем успеа да го избегне испаѓањето од Премиер – лигата.
„Отсекогаш сум ги сакал ‘спарси’, уште од првиот ден кога пристигнав тука. Го сакам клубот, ги сакам навивачите и овде многу напредував. Јасно е во која насока сака да се движи клубот и сакам да бидам дел од тоа. Возбуден сум за она што следува“, изјави Ван де Вен.
Менаџерот на Тотенхем, Роберто Де Зерби, го опиша Холанѓанецот како „еден од најдобрите централни дефанзивци во Европа и важен играч за нас“.
„Градиме нешто силно овде, а играчите како Мики се важен дел од таа иднина“, додаде италијанскиот стратег.
Ван де Вен досега одигра 96 натпревари во сите натпреварувања за Тотенхем, откако пристигна од Бундес-лигата, а има и 24 настапи за репрезентацијата на Холандија, со која настапи на Светското првенство ова лето.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Се најде јунак да ја победи Шкендија. По пет кола со максимален ефект, лидерот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Н’фанли Сила (Тиквеш)
Шкендија делуваше непобедливо во првите пет кола, но потоа дојде дуелот со Тиквеш и...
Автор makfudbal
Втора лига
Мите Цикарски го засили Пелистер
Интернационалци
Ѓорѓи Мојсов е нов тренер на Земун
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА













