Тотенхем официјално го објави трансферот на 24-годишното крило Мохамед Кудус од Вест Хем. Ганскиот репрезентативец потпиша шестгодишен договор и ќе го носи дресот со број „20“.
Според медиумите, Тотенхем за офанзивниот фудбалер платил 55 милиони фунти (околу 63,8 милиони евра).
Кудус настапуваше за „чеканите“ од летото 2023 година, кога пристигна од Ајакс. Во тој период запиша 80 натпревари во сите натпреварувања, постигна 19 голови и забележа 13 асистенции.
„Тотенхем е клуб со богата историја и тоа беше важно за мојата одлука да дојдам тука. Импресиониран сум од проектот и од тоа како ме гледа менаџерот како дел од него. Томас Франк веќе има докажано дека знае да развива таленти и со нетрпение очекувам да работам под негово водство. Јас сум тимски играч и мојата цел е да освоиме што е можно повеќе бодови“, изјави Кудус.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Се најде јунак да ја победи Шкендија. По пет кола со максимален ефект, лидерот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Н’фанли Сила (Тиквеш)
Шкендија делуваше непобедливо во првите пет кола, но потоа дојде дуелот со Тиквеш и...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
„Кралевите“ ја наполнија мрежата на Рајо (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Калјари ја победи Аталанта во Бергамо
Втора лига
Втора лига: Македонија ЃП подобра од Камјани
Евро-фудбал
Барса му нуди нов договор на Рафиња
Евро-фудбал
„Кралевите“ ја наполнија мрежата на Рајо (ВИДЕО)













