Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас имаше фантастичен старт во дресот на Торино, постигнувајќи два гола за тимот кој очајно имаше потреба од нив по повредата на Дуван Запата.
Играчот од средниот ред, кој пристигна од РБ Лајпциг во последните денови од трансфер-периодот, веќе ги убеди тренерот Паоло Ваноли и управата на „биковите“ да работат на неговото задржување и по завршувањето на сезоната.
Елмас моментно е на позајмица со опција за откуп од 17 милиони евра. Според „Тутоспорт“, спортскиот директор Давиде Вањати веќе преговара со Лајпциг за да ја намали откупната сума, користејќи стратегија која Торино претходно успешно ја примени при ангажманот на Влашиќ.
Елмас сигурно не би имал ништо против да остане во Серија А и следната сезона, со оглед дека е јасно видливо дека подобро се снаоѓа во италијанскиот фудбал.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Мбапе неизвесен за дуелот со Реал Сосиедад
Прва лига
Силекс и Башкими одиграа без голови













