Connect with us

„Топчиите“ лудо славеа по ремито на Сити (ВИДЕО)

Арсенал конечно ја прекина долгата суша и математички ја обезбеди шампионската титула во Премиер – лигата, откако резултатите од 37. коло го решија прашањето за новиот првак.

Ремито 1-1 меѓу Борнмут и Манчестер Сити се покажа како клучен момент во трката за титулата, бидејќи тимот на Пеп Гвардиола веќе немаше простор за нови грешки, а сепак не успеа да го одржи максималниот ритам до крај.

Одлучувачка се покажа и победата на Арсенал против Барнли (1-0), која дополнително го зголеми притисокот врз Сити и практично ја насочи сезоната кон завршница во корист на лондонскиот клуб.

По потврдувањето на титулата, Арсенал веднаш започна со прославата и објави специјално видео на социјалните мрежи, симболично насловено „Ова нѝ припаѓа на сите нас“.


Во видеото се појавува и легендарниот тренер Арсен Венгер, кој со инспиративни зборови им честита на играчите и навивачите.

Во кратки сцени се појавуваат и поранешниот играч Јан Рајт, како и актуелни фудбалери на клубот, а видеото е преполно со моменти од сезоната и еуфоријата на навивачите.

Официјалните канали на Премиер лигата веднаш ја потврдија веста со порака „АРСЕНАЛ Е ШАМПИОН“, со што беше ставена точка на трката за титулата.

Ова е 14. шампионска титула во историјата на Арсенал и четврта во ерата на Премиер – лигата. Последниот триумф датираше од легендарната сезона 2003/04, кога тимот на Венгер заврши без пораз и влезе во историјата како „непобедливите“.

Покрај домашниот успех, Арсенал има шанса да испише уште една историска страница, бидејќи се наоѓа и во финалето на Лигата на шампионите, каде ќе се соочи со ПСЖ.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови