ФК Скопје се засили со две искусни имиња во средниот ред. Нови членови на тимот од Автокоманда се Томче Гроздановски и Али Адем, трансфери кои треба да му донесат дополнителен квалитет на составот на стратегот Муарем Муарем.
Двајцата играчи за врска доаѓаат во момент кога „пиратите“ се соочуваат со резултатска криза на стартот од сезоната. ФК Скопје по пет одиграни кола во елитното друштво сè уште нема забележано победа, а на своето конто има три освоени бода.
Токму затоа, ангажманите на Гроздановски и Адем се очекува да внесат свежина и поголема стабилност во средниот ред, но и да му дадат дополнителни опции на Муарем во обидот да го подигне тимот на резултатски план.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Се најде јунак да ја победи Шкендија. По пет кола со максимален ефект, лидерот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Н’фанли Сила (Тиквеш)
Шкендија делуваше непобедливо во првите пет кола, но потоа дојде дуелот со Тиквеш и...
Автор makfudbal
Втора лига
Мите Цикарски го засили Пелистер
Интернационалци
Ѓорѓи Мојсов е нов тренер на Земун
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА













