Медиумите во Англија, како и поранешните репрезентативци и легенди на „трите лава“, очекувано беа силно разочарани по драматичниот пораз од Аргентина со 2-1 во полуфиналето на Светското првенство 2026. Англичаните водеа, но на крајот примија два гола и останаа без пласман во финалето. Речиси сите го посочија селекторот Томас Тухел како главен виновник, обвинувајќи го дека се обидел прерано да го затвори натпреварот со дефанзивни измени.
Речиси сите анализи во англиските медиуми имаат ист заклучок – германскиот стратег престанал да верува во сопствените фудбалери веднаш по водството.
„Индипендент“ објави текст со наслов: „Томас Тухел ја загуби присебноста, а неговиот чист кукавичлук ја изгаси англиската светска мечта“. Во анализата неговите дефанзивни измени се оценети како неразбирливи, особено затоа што беше ангажиран токму поради својата тактичка храброст и способноста да ги добива најголемите натпревари.
„Гардијан“, пак, напиша дека Аргентина покажала амбиција, а Тухел – страв. Се истакнува дека по голот на Ентони Гордон, Англија се откажала од играта што ѝ донесе предност и се повлекла во речиси целосна одбрана.
„Тајмс“ го спореди поразот со некои од најгорчливите елиминации на Англија од минатото, во периодот кога селектор беше Герет Саутгејт. Според весникот, Тухел бил доведен за да внесе победнички менталитет, но во најважниот момент прибегнал кон истиот конзервативен пристап што толку често беше критикуван во претходната ера.
„Сан“ ги сумираше критиките со игра на зборови „Lost his Tuch?“, алудирајќи дека Тухел ја изгубил контролата над натпреварот, пренесувајќи ги и ставовите на Вејн Руни и други аналитичари, според кои Англија сама си ги создала проблемите со повлекувањето.
И легендарните англиски фудбалери жестоко ги нападнаа одлуките на Тухел по драматичниот пораз.
„Разликата е што кога очајно се браниш против Норвешка или Мексико, тие немаат квалитет каков што има оваа Аргентина – способност да ја чува топката и веднаш да те казни“, изјави поранешниот капитен на Англија, Алан Ширер, за Би-Би-Си Спорт.
Добитникот на „Златната топка“, Мајкл Овен, исто така не го криеше разочарувањето.
„Погледнете како Шпанија играше при водство од 1-0 против Франција. Тоа е храброст. Тоа е самодоверба. А потоа погледнете како играше Англија при 1-0. Каква разлика! Ние сме подобар тим од Аргентина, воопшто не се сомневам во тоа. Но, на крајот заслуживме да загубиме. Всушност, резултатот можеше да биде и 4-1. Да внесеш тројца дефанзивци при водство од 1-0… Каква порака испраќаш со тоа?“, изјави Овен.
Поранешниот голман Џо Харт смета дека Тухел со своите измени јавно покажал дека нема доверба во сопствениот тим.
„Норвешка и Мексико паничеа против Англија. Кај оваа Аргентина не видов ни трага од паника. Видов вера, видов како сфатија дека можат да му создадат простор на великиот Лионел Меси и буквално ја претрчаа цела Англија. Колку и да го фалиме Тухел, мислам дека со толку брзите измени самиот покажа дека не верува во својот тим и дека не мисли оти може повторно да ја загрози Аргентина“, порача Харт.
Слично размислува и Гери Невил.
„Англија никогаш нема да има подобра можност да стигне до финале од оваа. Беа само пет минути, плус судиското продолжение, далеку од мечот за титулата. Играа премногу стегнато и се повлекоа предлабоко. Многу ме потсети на финалето на Европското првенство против Италија. Кај Англија сè се сведува на менталитет, верба и малку поголем квалитет во задржувањето на топката“, изјави Невил за „Скај Спортс“.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Фабијани, очигледно, не е тренер за Вардар – нека „пали“ за Аргентина !
Можеби Кристијан Фабијани е Аргентинец, можеби и бил квалитетен фудбалер, меѓутоа повеќе од очигледно...
Автор Nikola Gjurovski
Евро-фудбал
Манчестер Сити го претстави Херонимо Рули
Евро-фудбал
Барселона ја зголеми понудата за Родри
Евро-фудбал
Падна договор, Феран Торес прави трансфер во ПСЖ
Евро-фудбал
Тешка повреда на последниот тренинг на Барселона













