Англискиот премиерлигаш Челси го одбра Томас Тухел за нов менаџер. Тој ќе го наследи Франк Лампард на клупата на лондонските „сини“. Легендарниот фудбалер мораше да се раздели со клубот од „Стемфорд бриџ“ поради неочекувано лошите резултати на тимот од почетокот на сезоната во Премиер – лигата.
Томас Тухел ќе потпише долгорочен договор со Челси. Се очекува тој да стави потпис за соработка во наредните четири и пол години. Германецот од 2015 до 2017 година ја предводеше Борусија Дортмунд, а во изминатите две години беше на кормилото на Пари Сен Жермен.
Челси во моментот се наоѓа на деветтата позиција на табелата со 29 бода.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal













