Репрезентативецот на Гана, Томас Парти, нема да настапи на првиот натпревар на својата селекција на Светското првенство против Панама, откако неговото барање за виза за Канада било одбиено, соопшти ФИФА во петокот.
„ФИФА може да потврди дека играчот Томас Парти нема да може да отпатува од кампот на репрезентацијата на Гана во Бостон, САД, во Канада за првиот натпревар против Панама на 18 јуни, бидејќи неговото барање за виза беше одбиено од канадските власти“, се наведува во соопштението на ФИФА.
Од светската куќа на фудбалот истакнаа дека ФИФА не учествува во имиграциските процедури на земјите-домаќини, вклучувајќи го и процесот на издавање визи.
На Парти му е забранет влез во Канада поради обвиненија за силување во Велика Британија, за случај по кој судскиот процес е закажан за 2027 година. Фудбалерот се изјасни дека не е виновен по обвиненијата.
И покрај тоа што ќе го пропушти дуелот со Панама, Парти ќе може да настапи на преостанатите два натпревари од групната фаза, против Англија во Бостон и против Хрватска во Филаделфија, бидејќи поседува важечка американска виза.
Отсуството на искусниот играч од средниот ред претставува значителен удар за Гана пред стартот на настапот на Мундијалот, каде што селекцијата ќе се обиде да обезбеди пласман во нокаут-фазата.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Меси „невидлив“ на почетокот против Шпанија!













