Најтрофејниот македонски клуб Вардар заминува за Швајцарија, каде в четврток ќе го игра реванш натпреварот против Лозана во второто квалификациско коло од Конференциската лига. Играчот за врска, Димитар Тодоровски, блескаше на првиот натпревар, на кој Вардар славеше со 2-1.
Тој имаше сигурен настап во линијата за врска и даде голем придонес за победата. Сега се очекува да го повтори истото и на реваншот во Лозана.
Пред заминувањето за Лозана, Тодоровски изјави:
„Лозана е квалитетен противник, што се виде и на првиот меч. Но, ние добро ги анализиравме и заслужено победивме. Верувам дека реваншот ќе биде уште потежок, но подготвени сме за предизвикот.“
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го сочува врвот со „минималец“ против Работнички, а Шкендија имаше лесна задача против...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Борче Христов (Тиквеш)
Доаѓањето на Борче Христов на кормилото на Тиквеш донесе и многу подобри денови за...
Автор makfudbal













