После низата од три порази од Вардар, Шкендија Тетово и Струга ТЛ, тимот на Силекс на домашен терен против Брегалница се надева дека ќе ја прекина оваа лоша серија, и дека ќе се врати на победничките патеки.
Од таборот на Силекс велат дека во тимот атмосферата е одлична и дека нема криза во играта, туку само во резултатите, и се надеваат дека сега ќе се подобрат и резулаттите и тимот ќе почне долга победничка серија.
„Ова е источно дерби, важен натпревар за Силекс. Во резултатска криза сме, иако играме добро, односно немаме играчка криза. Сега треба само да се вратиме на победите. Игравме три натпревари со тешки противници, иако играчки не бевме надиграни, но резултатите изостанаа. Брегалница има добри играчи, стабилна екипа, но мислам дека на домашен терен треба да дојдеме до три бода денеска“, рече Ангелче Тимовски.
Мечот започнува денеска во 15:45 часот и се игра на стадионот на Силекс во Кратово.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Тетово не успеа да слави на дуелот со Шкендија Арачиново (1-1), а тоа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Горан Закариќ (Вардар)
Најдобрите знаат да блеснат кога е најтешко и да го поведат тимот напред. Не...
Автор makfudbal













