Јури Тилеманс застана во одбрана на Мајкл Карик во момент кога иднината на менаџерот на Манчестер Јунајтед е под сè поголем знак прашалник поради слабите резултати на тимот. Белгискиот репрезентативец смета дека на „Олд Трафорд“ во овој момент најпотребна е стабилност и предупредува дека нова тренерска смена може да донесе дополнителни проблеми.
Тилеманс откри дека токму Карик имал важна улога во неговото пристигнување во Манчестер, поради што особено му е драго што стратегот и понатаму ја има довербата на клубот.
„Дојдов тука делумно и поради него, бидејќи тој ме сакаше во тимот и веруваше дека можам да помогнам. Затоа многу ми е драго што останува. Ниту целата екипа не сака ненадејни промени. Не ни е потребен нов потрес што дополнително ќе ја разниша ситуацијата. Потребна ни е стабилност, мораме да продолжиме напорно да работиме и верувам дека работите ќе се променат“, изјави Тилеманс за „ТНТ Спортс“.
Белгиецот, кој пристигна од Астон Вила во летниот преоден рок, потенцираше дека Карик има поддршка од соблекувалната и дека играчите веруваат во неговите идеи.
„Откако сум тука, тој секогаш си ја извршува работата. Се обиде да воспостави систем во кој сите ќе се чувствуваме удобно. За него можам да кажам само позитивни работи и сигурен сум дека секој во соблекувалната би го кажал истото. Мораме да останеме обединети и да ја промениме ситуацијата“, порача белгискиот интернационалец.
Следниот предизвик за „црвените ѓаволи“ е гостувањето кај Челси во сабота. Тилеманс признава дека го разбира незадоволството на навивачите, кои ги исвиркаа фудбалерите по последниот натпревар, но верува дека единствен излез од кризата е заедничка работа и единство.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум победи и на второто последовно дерби, славејќи против Шкендија Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Христијан Малески (Струга ТЛ)
Големите фудбалери се познаваат на големите натпревари. Струга Трим Лум успеа да ја победи...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Репрезентацијата до 19 години освои бод во дуелот против Северна Ирска
Млади репрезентации
Хет-трик на Стефан Ристиќ, голема победа на Македонија У17 против Унгарија
Млади репрезентации
Репрезентацијата до 19 години освои бод во дуелот против Северна Ирска
Интернационалци
Ѓоко Хаџиевски ќе биде нов тренер на Локомотив Софија?













