Скандалот што се отвори по куп-дуелот со Вардар не се сведува само на еден спорен документ. Напротив, сè повеќе информации упатуваат на серија административни пропусти кои ја доведуваат во прашање професионалноста во работењето на клубот.
Во системот КОМЕТ на Фудбалската федерација на Македонија, во досието на Окере Ебубе Висдом, според објавените информации, било прикачено лекарско уверение на друг фудбалер – Милош Спасовски. Од Тиквеш се огласија со соопштение во кое случајот го опишаа како „техничка грешка“, отфрлајќи ги обвинувањата за фалсификување.
Но, според неофицијалните информации, проблемите би можеле да бидат и посериозни. Се отвори прашањето за престојот на Висдом во Македонија, со наводи дека нигерискиот фудбалер настапувал со туристичка виза од типот „Ц“, која не му дозволува да игра фудбал. Овие информации дополнително ја усложнуваат ситуацијата во која се најде кавадаречкиот клуб.
На виделина излезе и уште еден спорен случај поврзан со документацијата на Тиквеш. Генералниот секретар на Вардар, Никола Стојановски, презентираше информации за досието на Андреј Велков, кој до крајот на август бил дел од првиот тим на кавадарчани. Во системот КОМЕТ, наводно, бил прикачен лекарски преглед без печат од доктор и без печат од медицинска институција.
Ова не е првпат Тиквеш да се најде во центарот на вакви обвинувања. Во минатата сезона, клубот беше поврзуван со случај во младинска конкуренција, кога, според објавените информации, четворица фудбалери настапиле со туѓи легитимации.
Сите овие случаи отвораат сериозни прашања за административното работење на Тиквеш, а надлежните комисии при ФФМ ќе треба да ги разгледаат релевантните докази и да утврдат дали се прекршени правилата.
Додека се очекува официјална разрешница, кавадарчани се соочуваат со сериозен удар врз имиџот на клубот. Ако наводите бидат потврдени, последиците би можеле да бидат значајни, а случајот да стане пример за тоа колку скапо може да чини несоодветното водење на административните работи во еден професионален фудбалски клуб.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум победи и на второто последовно дерби, славејќи против Шкендија Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Христијан Малески (Струга ТЛ)
Големите фудбалери се познаваат на големите натпревари. Струга Трим Лум успеа да ја победи...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Репрезентацијата до 19 години освои бод во дуелот против Северна Ирска
Млади репрезентации
Хет-трик на Стефан Ристиќ, голема победа на Македонија У17 против Унгарија
Млади репрезентации
Репрезентацијата до 19 години освои бод во дуелот против Северна Ирска
Интернационалци
Ѓоко Хаџиевски ќе биде нов тренер на Локомотив Софија?













