Тиквеш има совршен старт на новата сезона во Првата македонска фудбалска лига. Кавадарчани стигнаа до втората победа во исто толку натпревари, откако денеска убедливо го совладаа Башкими на гостински терен со 0-5.
Гостите го скршија отпорот на Башкими во 36. минута, кога Висдом погоди за 0-1. Само шест минути подоцна Тиквеш постигна уште еден гол, а Лавал се запиша во листата на стрелци за 0-2.
Тиквеш продолжи да доминира и во второто полувреме. Лавал во 72. минута повторно ја затресе мрежата и со својот втор гол на натпреварот зголеми на 0-3.
Во завршницата следуваше нов голгетерски налет на кавадарчани. Попзлатанов во 81. минута погоди за 0-4, а конечниот резултат од 0-5 го постави Ацковски три минути пред истекот на регуларните 90 минути.
Со максимални шест бода од првите две кола, Тиквеш испраќа сериозна порака уште на стартот од сезоната.
Денешната програма во ПМФЛ ќе биде комплетирана со натпреварот во Штип, каде што Брегалница ќе го пречека Арсими.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Се најде јунак да ја победи Шкендија. По пет кола со максимален ефект, лидерот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Н’фанли Сила (Тиквеш)
Шкендија делуваше непобедливо во првите пет кола, но потоа дојде дуелот со Тиквеш и...
Автор makfudbal
Втора лига
Мите Цикарски го засили Пелистер
Интернационалци
Ѓорѓи Мојсов е нов тренер на Земун
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА













