ГФК Тиквеш со посебен гест му се заблагодари на Даниел Мојсов, кој неодамна официјално стави крај на својата професионална фудбалска кариера. Клубот од Кавадарци му приреди симболично испраќање, при што искусниот дефанзивец доби врамен дрес и пригоден подарок како признание за сè што направи во дресот на својот матичен клуб.
Мојсов последните три сезони ги помина во Тиквеш, каде што и ја затвори богатата кариера. Токму во овој период тој беше дел од историската генерација која го освои Купот на Македонија и обезбеди пласман на европската сцена, што претставува едно од најголемите достигнувања во историјата на кавадаречкиот клуб.
На 38-годишна возраст, Мојсов зад себе остава кариера со голем број настапи во домашниот фудбал, но и во странство. Во Македонија покрај Тиквеш го носеше и дресот на Вардар и Македонија Ѓорче Петров, додека надвор од земјата настапуваше за Војводина, Бран, Лирс, Адана и АЕК Ларнака.
Во последните години од кариерата беше дел и од Брегалница, пред повторно да се врати во Тиквеш и токму таму да го одигра последното поглавје од својата фудбалска приказна.
Мојсов остави трага и во македонската репрезентација. За А-селекцијата запиша 39 настапи, а претходно ги бранеше боите на Македонија и во младинските категории.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Се најде јунак да ја победи Шкендија. По пет кола со максимален ефект, лидерот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Н’фанли Сила (Тиквеш)
Шкендија делуваше непобедливо во првите пет кола, но потоа дојде дуелот со Тиквеш и...
Автор makfudbal
Втора лига
Мите Цикарски го засили Пелистер
Интернационалци
Ѓорѓи Мојсов е нов тренер на Земун
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА













