Тиквеш и Работнички одиграа борбено реми без голови во единствениот меч од денешната програма во Првата фудбалска лига. Кавадаречкиот тим го имаше поседот на топката, но Работнички имаше поубави шанси за погодок.
Тиквеш ја имаше иницијативата од почетокот на натпреварот, бараше начин да го загрози голот на Васко Василев, но првата изгледна можност ја имаше Работнички во 30.минута. Далеј изведе слободен удар, нафрли директно кон голот, а голманот Стевковски со одлична интервенција спаси во последен момент.
Две минути подоцна возврати Вареловски со удар од 15 метри, но Василев беше добро поставен и одбрани.
Во 43.минута, уште една шанса за Работнички. Калани нафрли од левата страна, Дашмир Елези со акробатски удар зафати волеј, но шутираше за малку над голот.
Во вториот дел, слична слика на теренот. Тиквеш офанзивен, со желба да постигне погодок, а Работнички добро организиран во одбраната и опасен од противнапади. Иван Ивановски доби шанса од почетокот на второто полувреме, создаде неколку опасни можности пред противничкиот гол, но без конкретен резултат.
Работнички повторно ја имаше најубавата шанса. Јован Бошнаков во 84.минута по еден противнапад излезе сам пред Стевковски, но голманот на Тиквеш чудесно одбрани.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија го доби дербито со Вардар и се врати комплетно во трката за шампионската...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Лиридон Љатифи (Шкендија)
Шкендија дојде во Скопје и стави крај на неподеливоста на Вардар. Целиот тим на...
Автор makfudbal
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Јетон Беќири
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Интернационалци
Емотивно интервју: Стефан Ашковски за бегството од Иран (ВИДЕО)
Женски фудбал
Фудбалерките до 17 години поразени од Северна Ирска
Евро-фудбал
Клоп ќе биде тренер во Мадрид, ама не на Реал?!













