Тиквеш го засили својот напад со ангажманот на нигерискиот офанзивец Сандеј Алими. Кавадарчани, кои новата сезона во ПМФЛ ја започнаа со реми без голови против Работнички на домашен терен, се надеваат дека новото име ќе внесе свежина и дополнителна енергија во тимот.
Сандеј Алими може да игра на крилните позиции, но и како централен напаѓач.
„Со гордост и задоволство го претставуваме нашето ново засилување – Сандеј Алими! Играч со богато искуство, силен борбен дух и амбиција за големи успеси, кој ќе донесе брзина и креативност во нападот. Му посакуваме топло добредојде и многу триумфи во црвено-белиот дрес“, објавија од Тиквеш.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal













