Тиквеш продолжува со обемно засилување на тимот во летниот преоден рок. Кавадарчани вечерва потврдија уште едно ново име – во „црвено-белиот“ дрес пристигнува некогаш еден од најголемите таленти на македонскиот фудбал, Бесар Гуџуфи.
22-годишниот офанзивец во минатото важеше за играч со огромен потенцијал, а сега во Кавадарци ќе има нова шанса да ја оживее својата кариера.
Гуџуфи своите први фудбалски чекори ги направи во Вардар, а во досегашната кариера настапуваше и за Беласица, Шкупи и Партизани. Беше дел и од младинскиот погон на турскиот гигант Бешикташ, каде што дополнително го градеше својот фудбалски профил.
Сега пред него е нов предизвик во Тиквеш, каде што ќе се обиде да го врати својот фудбалски пат на посакуваното ниво.
Доколку успее во тоа, тренерот Оливер Богатинов ќе добие уште една квалитетна опција во офанзивната линија и играч кој би можел да донесе дополнителна енергија и креативност во нападот.
Од Тиквеш трансферот го потврдија со порака:
„ГФК Тиквеш со задоволство го претставува Бесар Гуџуфи како ново засилување на црвено-белите!
Млад, талентиран и гладен за успех, Бесар пристигнува во Кавадарци подготвен за нов предизвик и ново поглавје во својата кариера.
Неговото доаѓање е уште еден чекор во нашата визија – да изградиме млад, амбициозен и конкурентен Тиквеш, со играчи кои сакаат да напредуваат и заедно со клубот да достигнат повисоко ниво.
Добредојде во Кавадарци, Бесар!“
Со ангажманот на Гуџуфи, Тиквеш уште еднаш покажа дека има сериозни амбиции пред стартот на новата сезона.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Се најде јунак да ја победи Шкендија. По пет кола со максимален ефект, лидерот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Н’фанли Сила (Тиквеш)
Шкендија делуваше непобедливо во првите пет кола, но потоа дојде дуелот со Тиквеш и...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Педро Нето останува во Челси до 2032 година













