Тиквеш продолжува со засилувањето на тимот, а најново име во составот на кавадаречкиот клуб е Мухамед Елмас.
Младиот македонски фудбалер стави потпис на договор со „црвено-белите“ и во новата сезона ќе го носи дресот на Тиквеш. Мухамед е братучед на македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, а во Кавадарци пристигнува со амбиција да се наметне и да го покаже својот потенцијал.
Од Тиквеш официјално го потврдија трансферот и му посакаа добредојде на новото засилување.
„ГФК Тиквеш со задоволство го претставува Мухамед Елмас како нов член на црвено-белото семејство!
Млад, амбициозен и мотивиран, Мухамед доаѓа во Кавадарци со желба да се докажува, да напредува и да даде свој придонес во новата приказна што ја градиме заедно.
Уште еден млад македонски фудбалер станува дел од нашиот проект и нашата визија за иднината“, соопшти клубот.
За Тиквеш ова е уште едно засилување во амбициозниот проект, а кавадаречкиот тим одлично ја започна сезоната.
„Црвено-белите“ имаат две победи од исто толку натпревари, а особено импресивен е податокот дека досега постигнаа дури 10 голови.
Сега останува да се види дали и Мухамед Елмас ќе придонесе во продолжението на одличниот старт на Тиквеш.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Се најде јунак да ја победи Шкендија. По пет кола со максимален ефект, лидерот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Н’фанли Сила (Тиквеш)
Шкендија делуваше непобедливо во првите пет кола, но потоа дојде дуелот со Тиквеш и...
Автор makfudbal













