Connect with us

Тиквеш е пред сериозна казна, а чудни лоби-групи од Кавадарци се „здружени“ да спасат што може да се спаси…

Тиквеш е „уловен“ во сериозни пропусти и сега го очекува сериозна санкција. Откако беше откриено дека фудбалерот Окере Висдом на куп-натпреварот против Вардар играше со медициски документ од друг фудбалер, кавадаречкиот клуб е пред елиминација од натпреварувањето, а од „дисциплинците“ може да добие и многу поголема казна, претворена во одземени бодови од првенството.

И сега, почнува „акцијата“ за да се спаси што може да се спаси, и тоа во многу чудна консталација…

Дали Митко Јанчев, со „Итар Пејо“ дружбата со Герасим Лазов, висок партиски функционер на СДСМ, се обидува да издејствува поблага казна за ФК Тиквеш, откако станаа очигледни сериозните пропусти при пријавувањето фудбалери за првенството и Купот на Македонија?

Лазов, во меѓувреме, стана познат во јавноста, „труејќи” ја со измислици и шпекулации за ФФМ и Масар Омерагиќ.
Според нашите информации, ни ваквите обиди за притисок нема да поминат. Ако правилата важат за сите, тогаш не смее да има привилегирани клубови, заштитени функционери и „пријателски“ интервенции.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови