Connect with us

Тихо Костадинов се пресели во Словачко

Македонскиот репрезентативец Тихомир Костадинов реши да сврти нова страница во својата кариера, откако ја напушти Сигма Оломук во потрага по поголема улога на теренот. Иако си замина од клубот, тој останува во чешкиот шампионат.

Негова нова дестинација е Словачко, тим кој во завршницата од сезоната ќе води жестока битка за опстанок. Костадинов ќе има задача со своето искуство и квалитет да помогне во клучниот дел од првенството.

По зимската пауза, македонскиот играч за врска не доби вистинска шанса во дресот на Сигма – не запиша ниту минута на теренот и најчесто беше дел од резервната клупа. Токму тоа беше сигнал дека е време за промена и нов предизвик.

Во својата досегашна кариера, Костадинов настапуваше за повеќе клубови во регионот и Централна Европа, меѓу кои и полскиот Пјаст Главице, словачките Ружомберок, Вион Злате Моравче и Банска Бистрица, додека на домашната сцена го носеше дресот на Тетекс.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови