Connect with us

Тиери Анри ќе ја преземе клупата на Бордо?

По катастрофалниот пораз во неделата од Рен (6-0), Бордо е на пат да го смени тренерот Владимир Петковиќ, а како главен кандидат за наследник на поранешниот швајцарски селектор се споменува Тиери Анри. Ова е вест број еден денеска во Франција.


Еден од најголемите француски клубови се соочува со потешкотии и е во зоната за испаѓање. Претстојниот натпревар против Стразбур е последна шанса за Петковиќ да остане меѓу „жирондинците“.

Сопственикот на Бордо, Жерар Лопез, високо ги цени способностите на Анри и покрај тоа што поранешниот напаѓач не се прослави на клупата на Монако, кој го водеше од сезоната 2018/2019.

Според француските медиуми, помошникот на Роберто Мартинез во белгиската репрезентација бил опција за клупата на Бордо и пред назначувањето на Петковиќ.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови