Тибо Куртоа се најде на листата на желби на богатите шеици од Саудиска Арабија. Белгискиот голман на Реал Мадрид доби понуда за тригодишен договор со вкупна плата од 90 милиони евра.
Куртоа е еден од најдобрите голмани во светот. Со 311 настапи за клубот, 123 натпревари без примен гол и 13 освоени трофеи, „џинот“ од два метра редовно спасуваше мечеви за Кралевите.
Оваа сезона, Куртоа имаше 10 натпревари без примен гол во Ла Лига и во Европа, примајќи само 20 погодоци во 23 натпревари.
На 1 јануари, Белгиецот влегува во последните 18 месеци од својот договор со Реал, а шеиците се обидуваат да го убедат да потпише тригодишен договор со нето плата од 30 милиони евра по сезона.
Според извори блиски до клубот, Куртоа е прв избор на „Бернабеу“, нема финансиски грижи и сака да продолжи да игра на највисоко ниво.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Бернардо Силва од следната сезона во Барселона?
Евро-фудбал
Интер ќе го откупи Мануел Аканџи
Евро-фудбал
Комо го растури Лацио среде Рим
Евро-фудбал
Де Јонг: Однесувањето на судијата беше срамно













