Connect with us

Тешка повреда на последниот тренинг на Барселона

Крилниот напаѓач на Барселона, Рoни Барџи, заработи тешка повреда на коленото за време на денешниот тренинг. Швеѓанецот ги скина предните вкрстени лигаменти на коленото, што ќе го оддалечи од терените во следните 6-7 месеци. Тоа ќе ги саботира плановите на Барџи да биде испратен на позајмица во друг клуб, каде што би можел да добие поголема минутажа.
Токму поради тоа, 20-годишниот фудбалер не отпатува со тимот ниту на пријателскиот турнир во Удине.

Од клубот сè уште нема официјални информации, бидејќи се чекаат резултатите од сите медицински тестови. Според каталонскиот „Спорт“, сепак, негативната дијагноза би требало да биде потврдена во текот на следните неколку часа.

Барџи веќе имаше сериозна повреда на коленото во минатото, поради која паузираше 10 месеци.

Минатата сезона Барџи одигра 28 натпревари за Барселона во сите натпреварувања, при што постигна само два гола. Тој не беше повикан во составот на Грем Потер за Светското првенство.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови