Connect with us

Тешка повреда на Матеј Цветаноски

Македонскиот интернационалец Матеј Цветаноски доживеа сериозна повреда на ногата на четвртфиналниот натпревар од Купот на Босна и Херцеговина меѓу Железничар Сараево и Слога. Натпреварот беше прекинат во 37. минута, откако по стартот на Мандиќ, Цветаноски остана на теренот и беше потребна интервенција на брзата помош.

Кадрите од директниот пренос покажаа дека станува збор за скршеница на ногата, што предизвика голема загриженост кај навивачите на „Грбавица“ и силни крици на трибините.

Се очекуваат дополнителни информации за сериозноста на повредата и проценка за периодот на опоравување на македонскиот фудбалер, кој ќе мора да паузира од терените подолг период.

Фото: www.sportsport.ba

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови