Во атмосфера каква што одамна не се памети, вчера на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, пред околу 25.000 гледачи, се одигра хуманитарниот натпревар меѓу Вардар и Црвена Звезда. Целта беше благородна – собирање средства за настраданите и повредените во трагедијата што неодамна го погоди Кочани.
Иако резултатот на крајот беше 1-3 во корист на белградскиот тим, исходот на теренот остана во втор план. Главната победа беше солидарноста, човечноста и обединетоста на двете нации во тешки времиња.
Генералниот директор на Црвена Звезда, Ѕвездан Терзиќ, ја истакна важноста на настанот:
„Горди сме што Црвена Звезда успеа да и помогне на братска Македонија во овие тешки моменти по големата трагедија во Кочани. Особено ни е драго што стадионот беше исполнет до последно место, што македонските навивачи имаа можност да ја видат Црвена Звезда во живо, и што заедно собравме значителни средства за семејствата на загинатите.“
Тој додаде и дека Црвена Звезда отсекогаш имала бројна и лојална поддршка во Македонија.
„Тоа најдобро се покажа со топлата атмосфера на стадионот и реакцијата на публиката при излегувањето на ветераните на двете екипи. Горд сум на овој однос и ќе направиме сè за да го зачуваме и зајакнеме во иднина. Навивачите во Македонија секогаш ќе ја имаат својата Црвена Звезда.“
Настанот уште еднаш покажа дека фудбалот има сила да обединува, да носи надеж и да создава мостови на пријателство и хуманост.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Един Џеко прави трансфер во Шалке
Евро-фудбал
Тер Штеген емотивно се збогува со Барселона
Евро-фудбал
Мбапе го израмни рекордот на Роналдо во ЛШ
Евро-фудбал
Бернардо Силва од следната сезона во Барселона?













