Поранешниот капитен на Челси, Џон Тери, откри дека вечерта по неговиот прочуен промашен пенал во финалето на Лигата на шампионите во Москва, загубено од Манчестер Јунајтед, низ главата му поминувале дури и мисли за самоубиство. Во 2008 година, легендарниот дефанзивец можеше да им ја донесе победата на „сините“ доколку неговиот удар од белата точка против „црвените ѓаволи“ завршеше во мрежата, но наместо тоа ја погоди стативата, откако се лизна секунда пред да шутира, а потоа тимот на Сер Алекс Фергусон триумфираше со трофејот.
Самиот Тери беше неутешен откако ја пропушти шансата да ја освои првата титула од Лигата на шампионите во историјата на клубот. Поранешниот стопер реши да фрли светлина врз вознемирувачките мисли што му се вртеле низ главата по враќањето во хотелската соба таа ноќ во Москва.
„По натпреварот сите се вративме во хотелот, а јас бев на 25. кат. Гледав низ прозорецот и си мислев: ‘Зошто? Едноставно, зошто?’. Не велам дека, ако имав можност, ќе скокнев, но во такви моменти низ главата ти минуваат секакви работи. Тогаш момците дојдоа и ме симнаа долу. Тоа се оние моменти на ‘А што ако?’, кога едноставно не знаеш што може да се случи.“
Тери помина уште девет години во Челси и конечно го крена трофејот од Лигата на шампионите во 2012 година. Но и тој триумф беше засенет, бидејќи црвениот картон што го доби во полуфиналето го лиши од настап во финалниот натпревар.
За време на својата блескава кариера во Челси, Џон Тери освои пет титули од Премиер лигата и бројни други големи трофеи. Сепак, тие успеси не беа доволни за да го засенат лизгањето при пеналот, кое го прогонува и денес.
„И ден-денес тоа ми се врти во главата. Со годините болката сигурно омекна, но додека играш, некако го капсулираш и го потиснуваш во свеста“, продолжува Тери. „Сега, кога сум пензионер, веќе немам фокус да играм секоја недела и да ја чувствувам таа возбуда, и тоа сè уште навистина ме мачи. Сè уште се будам среде ноќ и си велам: ‘О, ова навистина се случи, да’. Не мислам дека некогаш ќе исчезне. Кога го промашив пеналот во Москва, многу брзо сфаќаш кои ти се пријатели и кои се луѓето на кои навистина им е грижа за тебе.“
„Реј Вилкинс беше првиот што ми се јави по тој натпревар за да провери дали сум добро, како и уште неколку други луѓе. Тоа се моментите што навистина те тераат да сфатиш дека пријателите во фудбалот се малку и ретки. Но вистинските се истакнуваат во тешките моменти. Реј беше брилијантен и не се јави само еднаш за да провери како сум“, раскажа Џон Тери за еден од најмрачните моменти во неговата славна кариера.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Интернационалци
Стефан Ашковски ја продолжува кариерата во Иран
Прва лига
Србинот Мирза Делимеѓац го засили Силекс
Евро-фудбал
Един Џеко потпиша за Шалке
Евро-фудбал
Лоренцо Инсиње би можел да се врати во Наполи?
Интернационалци
Стефан Ашковски ја продолжува кариерата во Иран
Евро-фудбал
Донарума експресно го напушта Манчестер Сити?













