Голманот на Барселона, Марк-Андре тер Штеген, не учествуваше на првиот тренинг на тимот во рамки на претсезонските подготовки во понеделникот. Наместо тоа, Германецот останал во теретана, каде што одработил индивидуален тренинг, одвоен од остатокот од екипата.
На крајот од сезоната 2024/25 тој се опорави од тешка повреда на коленото и се врати меѓу стартните 11 на каталонскиот тим. Потоа бранеше и за германската репрезентација на двата натпревари од завршната фаза на Лигата на нации, по што замина на летна пауза.
Во моментов, Тер Стеген се соочува со голема неизвесност околу својата иднина на „Камп Ноу“. По пристигнувањето на Жоан Гарсија, неколку шпански медиуми пренесуваат дека тренерот Ханси Флик, веќе го информирал германскиот голман дека не влегува во неговите планови.
Се смета дека Барселона активно бара начин да се раздели со репрезентативецот на Германија, кој, сепак, цврсто инсистира да остане во клубот. 33-годишниот Тер Штеген има договор со Барселона до летото 2028 година.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Прва лига
Силекс и Башкими одиграа без голови













