Connect with us

Тер Штеген дојде на позајмица во Ајакс

Ајакс официјално го објави доведувањето на голманот на Барселона, Марк-Андре тер Штеген.

​34-годишниот германски чувар на мрежата му се приклучува на холандскиот гигант на едногодишна позајмица. Трансферот доаѓа по желба на новиот тренер на Ајакс, Мичел, кој со Тер Штеген работеше и во Џирона.

Голманот и минатата сезона беше позајмен во шпанскиот клуб, но успеа да одигра само два натпревари, по што повторно доживеа тешка повреда.

​Веста за позајмицата беше официјално потврдена и од Барселона. Треба да се напомене дека позајмувањето на Тер Штеген нема да донесе особено олеснување за буџетот на клубот, бидејќи Каталонците преземаат 90% од платата на играчот. Сепак, во зависност од одиграните натпревари, Ајакс може да плати нешто повеќе од договорените 10%.

​Тер Штеген, кој ја освои Лигата на шампионите со Барса во 2015 година и има 21 трофеј со каталонскиот тим, има собрано 423 натпревари за „блауграна“.

Тоа го рангира на 11. место меѓу играчите со најмногу официјални настапи за Барселона и на второ место меѓу странците, единствено зад Лео Меси. Сега, со дресот на Ајакс, тој ќе настојува повторно да го покаже нивото што толку пати го покажал како играч на Барселона.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови