Само една година по заминувањето од Милан, Тео Хернандез би можел повторно да се врати во европскиот фудбал. Францускиот интернационалец кој минатото лето го напушти „Сан Сиро“ и се пресели во Ал-Хилал, наводно е подготвен да стави крај на авантурата во Саудиска Арабија и повторно да заигра во Серија А.
Според информациите од италијанските медиуми, најголем интерес за неговите услуги покажува Јувентус. Торинскиот гигант веќе започнал првични разговори за можен трансфер на 28-годишниот француски репрезентативец, кој во клубот го гледаат како идеално решение за левата страна од одбраната.
Раководството на „старата дама“ верува дека Хернандез би донел дополнителен квалитет и искуство во тимот, а сега останува да се види дали ќе успее да постигне договор со Ал-Хилал.
Евентуалниот трансфер би предизвикал големи реакции во италијанскиот фудбал. Тео беше еден од најважните играчи на Милан во изминатите сезони и стана еден од симболите на „росонерите“, па неговото преминување кај големиот ривал Јувентус сигурно нема да биде лесно прифатено од навивачите на клубот од Милано.
Тео Хернандез со Ал-Хилал потпиша тригодишен договор, но по само една сезона во Саудиската Про лига, според последните информации, размислува за нов предизвик и враќање на највисокото европско ниво.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Се најде јунак да ја победи Шкендија. По пет кола со максимален ефект, лидерот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Н’фанли Сила (Тиквеш)
Шкендија делуваше непобедливо во првите пет кола, но потоа дојде дуелот со Тиквеш и...
Автор makfudbal
Втора лига
Мите Цикарски го засили Пелистер
Интернационалци
Ѓорѓи Мојсов е нов тренер на Земун
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА













