Connect with us

Тен Хаг: Де Хеа ќе остане во Јунајтед, но можеби не секогаш како прв избор

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик Тен Хаг, зборуваше за иднината на голманот на тимот Давид де Хеа, кој ја доби наградата „Златна ракавица“, што Премиер – лигата на крајот од секоја сезона му ја доделува на голманот со најмногу „чисти мрежи“.


„Де Хеа ќе остане, но не можам да кажам дека секогаш ќе биде прв избор на голманската позиција во тимот. Во клуб како Манчестер Јунајтед секогаш треба да има конкуренција, на сите позиции. Тоа не е само мој каприц, туку она што го бара модерниот фудбал на високо ниво. Ако ги гледате најголемите тимови, можете да видите дека знаат да играат одбрана и да го користат својот голман како дополнителен одбранбен играч. Во спротивно, на противниците им е многу лесно да притиснат. Де Хеа мораше да биде подобар во тоа и во голем број натпревари покажа напредок“, изјави Тен Хаг.


Де Хеа прими 43 гола во 38 натпревари во Премиер – лигата за Манчестер Јунајтед оваа сезона и беше клучен за „црвените ѓаволи“ да завршат меѓу најдобрите четири екипата за првпат по 2021 година, како и да стигнат до четврт-финалето на Лига Европа.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови