Connect with us

Таткото на Меси се сретнал со Лапорта: Лео сака да се врати во Барселона

Лионел Меси сака да се врати во Барселона, потврди таткото на фудбалерот и негов агент, Хорхе Меси, кој денеска се сретна со претседателот на Каталонците, Жоан Лапорта, пишуваат шпанските медиуми.


По средбата меѓу нив, Хорхе им кажа на новинарите дека враќањето во каталонската престолнина е опција за Меси и дека би сакал тоа да се случи.

Претходно во текот на денот стана јасно дека претседателот на Барселона не заминал во Јапонија на утрешниот пријателски меч со Висел Кобе токму затоа што го води процесот на враќање на аргентинската суперѕвезда.

„Тоа е опција. Дали верувам дека може да се врати? Да“, им изјави таткото на Меси на новинарите.
Дека наскоро треба да се разјасни иднината на неговиот син потврди и Хорхе Меси.

„Разговаравме пред некој ден, но ништо конкретно“, додаде тој. Запрашан дали договорот е блиску, тој рече: „Ништо. Имаме уште многу да разговараме“.

Така, продолжуваат да се преземаат чекори за што поскоро да стане реалност враќањето на капитенот на Аргентина на „Камп Ноу“. Состанокот, кој траеше само 40 минути, ја истакна желбата на двете страни да се обидат да постигнат договор со одобрение од Ла Лига.

Лео Меси има примамлива понуда од Саудиска Арабија Ал-Хилал и Интер Мајами, но Барса се обидува да ја врати аргентинската суперѕвезда дома.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови