Таткото на Ламин Јамал, Мунир Насрауи, јавно го изрази своето разочарување и несогласување со тоа што неговиот син заврши на второто место во трката за „Златната топка“, останувајќи зад Осман Дембеле. Најпрво Насрауи категорично изјави дека следната година неговиот син ќе победи, а малку подоцна им се препушти на емоциите и со жар изјави пред шпанските медиуми:
„Не би рекол дека ова е кражба, туку повеќе нанесување морална штета врз едно човечко суштество. Бидејќи јас верувам дека Ламин Јамал е најдобриот играч на светот. Со голема предност пред сите останати. Не затоа што е мој син, туку затоа што е најдобар. Тој нема конкуренција. Тоа е Ламин Јамал. Тука се случи нешто многу чудно. Догодина тој ќе биде шпанскиот освојувач на „Златната топка“.“
Утехата за Јамал и неговото семејство беше тоа што големиот талент вторпат по ред го освои трофејот „Копа“ за најдобар млад играч до 21 година.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Тетово не успеа да слави на дуелот со Шкендија Арачиново (1-1), а тоа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Горан Закариќ (Вардар)
Најдобрите знаат да блеснат кога е најтешко и да го поведат тимот напред. Не...
Автор makfudbal













