Connect with us

Тасевски: Со нов пристап до позитивен резултат во Тетово

По поразот од Академија Пандев, тимот на Работнички ќе се обиде да се „вади“ против актуелниот шампион Шкендија во Тетово. Тренерот Жикица Тасевски верува дека тимот со еден поинаков пристап може да стигне до позитивен резултат. 

„Ги увидовме грешките, работевме на нивно елиминирање и се надевам дека тимот ќе се претстави во многу подобро издание. Со еден поинаков пристап, со поголема желба, максимално залагање и пред се задржување на концентрацијата во текот на целиот натпревар, треба да дојдат и посакуваните резултати. Не стартувавме оваа пролет според посакувањата и ќе мора да се подобриме во сите сегменти. Шкендија е актуелен првак и лидер на табелата и сигурно е фаворит на домашен терен, но ние веруваме дека можеме да одиграме добар натпревар и да стигнеме до позитивен резултат“, вели Жикица Тасевски.

Натпреварот меѓу Шкендија и Работнички ќе се одигра утре на Градскиот стадион во Тетово, со почеток во 14.30 часот, а ќе го суди Димитар Мечкаровски од Скопје.    

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови