Баерн Минхен веќе размислува за периодот по Хари Кејн и наводно пронашол млад напаѓач кој би можел да ја преземе улогата на англиската ѕвезда. Станува збор за Парис Брунер, 20-годишниот фудбалер на Монако, кој според германските медиуми е високо на листата со желби на баварскиот гигант.
Кејн игра во извонредна форма и неодамна ја освои „Златната топка“, потврдувајќи го статусот на еден од најдобрите фудбалери во светот. Сепак, со оглед на тоа што има 33 години, во Баерн веќе размислуваат долгорочно и бараат решение за иднината на напаѓачката позиција.
Англискиот голгетер пристигна во Минхен во летото 2023 година од Тотенхем за 95 милиони евра, а актуелниот договор му истекува во 2027 година. Се очекува двете страни да ја продолжат соработката најмалку за уште една сезона, но раководството на Баерн паралелно работи и на планот за негов наследник.
Според германскиот портал „Фусбал Трансферс“, изборот паднал на Парис Брунер од Монако. Сепак, Баварците ќе имаат сериозна конкуренција, бидејќи за младиот напаѓач интерес покажуваат Барселона, Челси, Арсенал, Тотенхем и Пари Сен Жермен.
Брунер ги направи првите фудбалски чекори во помалите германски клубови, а потоа една сезона настапуваше за Бохум. Во 2020 година се пресели во Борусија Дортмунд, каде што остана до 2024 година.
Монако го ангажираше во летото 2024 година за четири милиони евра. Првично беше испратен на позајмица во Серкл Бриж, а од летото 2025 година е дел од првиот тим на францускиот клуб.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум победи и на второто последовно дерби, славејќи против Шкендија Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Христијан Малески (Струга ТЛ)
Големите фудбалери се познаваат на големите натпревари. Струга Трим Лум успеа да ја победи...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Репрезентацијата до 19 години освои бод во дуелот против Северна Ирска
Млади репрезентации
Хет-трик на Стефан Ристиќ, голема победа на Македонија У17 против Унгарија
Млади репрезентации
Репрезентацијата до 19 години освои бод во дуелот против Северна Ирска
Интернационалци
Ѓоко Хаџиевски ќе биде нов тренер на Локомотив Софија?













