Репрезентативецот на Германија, Џонатан Тах, предупреди дека селекцијата на Курасао не смее да биде потценета пред нивниот меѓусебен дуел од групата Е на Светското првенство.
Германците сакаат убедливо да го започнат настапот на Мундијалот, особено по разочарувачките елиминации уште во групната фаза на претходните две светски првенства во 2018 и 2022 година.
Курасао, предводен од искусниот холандски стратег Дик Адвокат, за првпат во својата историја настапува на Светско првенство и е најмалата држава што успеала да обезбеди место на завршниот турнир.
„Вчера имавме тимски состанок посветен на Курасао. Станува збор за квалитетна репрезентација со играчи кои се развивале во холандскиот фудбалски систем. Сепак, ние сме фаворити и уверен сум дека ќе победиме“, изјави Тах.
Покрај Курасао, Германија во групата Е ќе игра и против Брегот на Слоновата Коска и Еквадор.
Оптимизам владее и кај дефанзивецот Нико Шлотербек, кој смета дека националниот тим располага со идеална комбинација од искуство и младост.
„Во овој состав има многу квалитетни играчи, фудбалери кои се во најдобрите години од кариерата, но и неколкумина на кои ова им е последно Светско првенство. Имаме навистина одличен баланс и сите со нетрпение го очекуваме почетокот на турнирот“, рече Шлотербек.
Натпреварот ќе се игра во Хјустон, каде што се очекуваат температури од околу 30 степени Целзиусови. Сепак, германските репрезентативци истакнаа дека се целосно фокусирани на првиот предизвик и не чувствуваат дополнителен притисок.
„Нема никаков притисок. Влегуваме во турнирот со самодоверба и сакаме уште во недела да покажеме колку вредиме. Не треба да се плашиме од никого. Ние сме врвна репрезентација и повторно ги покажуваме германските квалитети на теренот. Имаме дисциплина, страст и борбеност, а ако ги демонстрираме тие вредности, ќе бидеме во одлична позиција“, додаде Шлотербек.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Меси „невидлив“ на почетокот против Шпанија!













