Повремениот репрезентативец на Еквадор, Марко Ангуло, почина вчера на 23-годишна возраст.
Јужноамериканската земја е во жалост поради смртта на играчот од средниот ред на ЛДУ Кито, кој се бореше за живот 35 дена.
Тој повеќе од еден месец беше на интензивна нега и во овој период имаше неколку операции по сообраќајната несреќа во октомври.
Тогаш загинаа две лица, меѓу кои и фудбалерот Роберто Кабезас, а сега, како последица од несреќата, почина и Ангуло.
Nota de pesar: Marco Angulo 🕊️ pic.twitter.com/8tfu8bGojv
— LDU Oficial (@LDU_Oficial) November 12, 2024
Марко Ангуло беше еден од најголемите таленти, роден во 2002 година, и успеа да забележи два настапи за А репрезентацијата на Еквадор. Дебитираше во 2022 година на пријателскиот натпревар против Ирак, а минатата година играше и против Австралија.
Пред да прејде во ЛДУ Кито, Ангуло беше еден од клучните играчи на Индепендиенте, со кој ја освои Копа Либертадорес за играчи до 20 години.
Потоа кратко играше во МЛС – лигата за тимот на Синсинати, пред да се врати во својата татковина.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го декласира Шкупи, а хет -трик постигна напаѓачот Азер Омерагиќ. Струга Трим Лум...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Вилдан Салиу
Арсими ја продолжи победничката низа и во Кратово. Откако ја победи Шкендија на домашен...
Автор makfudbal
Интернационалци
Агон Елези стрелаше во вечното босанско дерби (ВИДЕО)
Евро-фудбал
ПСЖ ја наполни мрежата на Рен
Евро-фудбал
Беренгер го урна Атлетико Мадрид (ВИДЕО)













