Напаѓачот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе, ќе добие суспензија од еден до три натпревари поради црвениот картон кој го доби против Алавес во 31. коло на Ла Лига. Французинот направи груб фаул над Антонио Бланко, што доведе до директно исклучување.
Иако првичните информации наведуваа дека Мбапе може да биде суспендиран за четири или повеќе натпревари, што значеше дека ќе го пропушти и финалето на Купот на кралот против Барселона, новите детали кои ги објави „Ел Мундо“ покажуваат дека главниот судија, Сесар Сото Градо, во својот извештај напишал дека Мбапе бил во потрага по топката, што може да ја намали казната.
Disgusting from Mbappe pic.twitter.com/g2FsYqkczo
— ¹⁰ (@SxrgioSZN) April 13, 2025
Очекувањата сега се дека суспензијата ќе биде ограничена на максимум три натпревари.
Во меѓувреме, Реал Мадрид го победи Алавес благодарение на голот на Едуардо Камавинга непосредно пред да дојде до исклучувањето на Мбапе. Победата им овозможи на „кралевите“ да останат на четири бодови заостанување зад лидерот Барселона и да продолжат да се борат за титулата во Ла Лига.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal













