Суперкомпјѕтетот на аналитичката компанија „Опта“ ја објави прогнозата за исходот на Светското првенство во фудбал, кое ќе се одржи од 11 јуни до 19 јули во Канада, САД и Мексико. По 10.000 спроведени симулации, најголем фаворит за освојување на светската титула е Шпанија, додека Хрватска се наоѓа на 15. место.
Шпанија е прв фаворит, следат Франција и Англија
Според пресметките на „Опта“, Шпанците имаат 16,1 процент шанси да ја освојат титулата, со што се пред Франција со 13 проценти, Англија со 11,2 проценти и актуелниот светски шампион Аргентина, на која суперкомпјутерот ѝ дава 10,4 проценти шанси. Овие четири репрезентации се издвојуваат како главни кандидати за првото место.
Селекцијата на Хрватска се наоѓа на 15. позиција. Суперкомпјутерот ѝ дава 18,6 проценти шанси за пласман во четвртфиналето, 9,1 процент за полуфинале и 3,9 проценти за место во финалето. Веројатноста Хрватска да ја освои титулата е проценета на 1,6 проценти.
Моделите на „Опта“ исто така покажуваат дека во 35,9 проценти од симулациите трофејот завршил кај репрезентација која никогаш досега не била светски шампион.
-
Кристијано Роналдо ги предводи „дедовците“ на СП, тука се и Модриќ, Џеко, Нојер…
Осум фудбалери постари од 40 години, меѓу кои и Кристијано Роналдо, ќе настапат на...
Автор makfudbal
-
Мбапе го брани епитетот најдобар стрелец на СП, Жист Фонтен и натаму е ненадминлив
Килијан Мбапе ќе го брани трофејот наменет за најдобар стрелец на Светското првенство. Досега...
Автор makfudbal
Прва лига
Оливер Богатинов е нов тренер на Тиквеш













