Фудбалерите на Арсенал направија можеби и клучен чекор кон шампионската титула во Премиер лига, која клубот ја чека цели 22 години.
Лидерот на табелата и финалист во Лига на шампиони денеска славеше на гостувањето кај Вест Хем со 0-1 во 36. коло, а исходот од лондонското дерби може да биде пресуден и во битката за титулата, но и за опстанокот.
Херој на „топчиите“ беше Леандро Тросар, кој со погодокот во 83. минута го скрши отпорот на домаќинот и му донесе 79 бода на Арсенал на врвот на табелата, на две кола до крајот. Манчестер Сити има 74 бода и натпревар помалку, но Арсенал ќе стане шампион доколку ги совлада Барнли дома и Кристал Палас на гости.
Иако поразен, Вест Хем одигра храбар натпревар и сериозно го намачи фаворитот, но остана под опасната зона со 36 бодови, еден помалку и натпревар повеќе од Тотенхем.
Арсенал силно го отвори мечот и доминираше во воведните дваесетина минути. Најопасен беше Тросар, кој уште во 9. минута двапати се закани. Најпрво, по корнерот на Деклан Рајс, Белгиецот шутираше со глава под пречката, но голманот Хермансен одлично интервенираше. Во продолжението од акцијата, Тросар повторно се најде во шанса, но овојпат ја погоди пречката.
Калафиори исто така неколкупати се закани, но без успех, додека Вест Хем во финишот на првото полувреме можеше да шокира преку Кастелјанос, чиј удар со глава го одбрани Давид Раја.
Во второто полувреме Арсенал падна во ритамот, а домаќините стануваа сè поопасни. Во 78. минута Фернандеш пропушти огромна шанса за Вест Хем, откако Раја со фантастична интервенција го спаси својот тим.
Stop that Raya. pic.twitter.com/cQiC5BWFtF
— Stop That Football (@stopthatfooty) May 10, 2026
Само пет минути подоцна следуваше казната. Мартин Одегард одигра двоен пас со Рајс, продре во шеснаесетникот и со повратна топка го пронајде Тросар, а Белгиецот рутински погоди за 0-1.
Во судиското продолжение Вест Хем постигна гол преку Калум Вилсон, но по долга ВАР проверка, судијата Крис Кавана го поништи погодокот поради фаул врз Раја.
So it’s a tiny foul on raya but Rice is able to play rugby with the defenders
— (Fan) Connor (@AVFC_Connor_) May 10, 2026
This league is bias to big 6 and is finished.#WHUARS pic.twitter.com/k2FexGEobu
Одлука која многумина веќе ја сметаат за момент што може да ја одлучи шампионската трка во Англија.
-
Кристијано Роналдо ги предводи „дедовците“ на СП, тука се и Модриќ, Џеко, Нојер…
Осум фудбалери постари од 40 години, меѓу кои и Кристијано Роналдо, ќе настапат на...
Автор makfudbal
-
Мбапе го брани епитетот најдобар стрелец на СП, Жист Фонтен и натаму е ненадминлив
Килијан Мбапе ќе го брани трофејот наменет за најдобар стрелец на Светското првенство. Досега...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Интер се договори со голманот на Лацио
Прва лига
Оливер Богатинов е нов тренер на Тиквеш













