Connect with us

Суарез се расплака кога дозна дека Кореја победи против Португалија (ВИДЕО)

На последниот ден од групната фаза го добивме исходот и од групата Х. Како првопласирана репрезентација продолжува Португалија, додека Јужна Кореја од второто место оди во нокаут фазата.


Португалците веќе беа сигурни патници во осминафиналето. Најголемата трагедија му се слули на Уругвај, кој на почетокот на денот имаше само бод од претходните натпревари, а со победата од 2-0 против Гана, избраниците на Диего Алонсо се надеваат дека ќе одат понатаму.

Сепак, Јужна Кореја погоди во 91. минута за победа против Португалија со резултат 2-1 и со тоа се пласираше поради повеќе постигнати голови при идентична гол-разлика и бодови. Бидејќи тој натпревар заврши пред натпреварот Гана – Уругвај, уругвајските фудбалери во 86. минута дознаа дека ќе бидат елиминирани доколку не постигнат гол до крајот на натпреварот.

Бидејќи дотогаш селекторот на Уругвај ги повлече речиси сите напаѓачи и внесуваше играчи од средниот ред и дефанзивци за да ја зачува победата, Луис Суарез се „распадна“ на клупата веднаш штом дозна дека Кореја победила. Очигледно му беше јасно дека на теренот нема кој да постигне гол за толку краток период, па се расплака.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови