Уругвајскиот интернационалец Луис Суарез потсети на бесните денови кога гризеше противници. Во моменти на нервоза, кога Атлетико Мадрид губеше од Челси на синоќешниот дуел од ЛШ во Букурешт, Суарез влезе во клинч со дефанзивецот Антонио Рудигер. Тој го штипеше неспортски германскиот интернационалец при борба за топката, а ТВ камерите сето тоа го открија.
Интересен беше коментарот на поранешниот играч на Челси, Џо Кол.
„Кога одгледувате деца и кога тие ќе престанат да гризат, а потоа се префрлуваат на штипење, велите дека има напредок во нивниот развој“, се пошегува Џо Кол.
-
Кристијано Роналдо ги предводи „дедовците“ на СП, тука се и Модриќ, Џеко, Нојер…
Осум фудбалери постари од 40 години, меѓу кои и Кристијано Роналдо, ќе настапат на...
Автор makfudbal
-
Мбапе го брани епитетот најдобар стрелец на СП, Жист Фонтен и натаму е ненадминлив
Килијан Мбапе ќе го брани трофејот наменет за најдобар стрелец на Светското првенство. Досега...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Марсело Брозовиќ ќе го засили Бешикташ?
Евро-фудбал
Србија доживеа дебакл против Мексико (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Оливер Гласнер ќе биде нов тренер на Милан













