Атлетико Мадрид ја оствари 15. победа во Ла Лига и повторно побегна на седум бода позитива во однос на градскиот ривал Реал Мадрид, а има и еден меч помалку. Тимот на Диего Симеоне има девет победи на последните десет средби и вечерва на „Ванда Метрополитано“ го додаде триумфот од 3-1 против Валенсија.
Луис Суарез погоди за прослава на 34. роденден, а имаше голема помош и од соиграчите. Валенсија поведе со голот на Урош Рачиќ, но Жоао Феликс израмни уште во првиот дел.
Суарез се погрижи за пресврт во 54.минута, а Анхел Кореа го постави конечниот епилог во 72.минута од мечот.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal













