Connect with us

Стружани ќе позајмат четворица играчи, Кире Ристевски се враќа во Пелистер

Струга Трим Лум, под водство на тренерот Бледи Шкемби, одлучи да го намали бројот на играчи во ростерот и да им овозможи на некои фудбалери поголема минутажа преку позајмици. Во таа насока, клубот ги позајми четворица фудбалери за да продолжат со натпреварувачки развој.

Јусуф Каба и Хадис Таири ќе играат за второлигашот Шкендија Арачиново, додека Веби Ислами ја продолжува сезоната во Кожуф, а дефанзивецот Кире Ристевски е позајмен во Пелистер до крајот на сезоната.

Струшкиот клуб најави и понатамошни кадровски промени, па конечниот состав ќе биде целосно формиран по завршувањето на подготовките на крајот на јануари. Вториот дел од ПМФЛ стартува на 7 февруари, а стружани заминуваат на подготовки во Анталија.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови