Connect with us

Струга Трим Лум се раздели со голманот Марко Анџелети

Струга Трим Лум и официјално се раздели со италијанскиот голман Марко Анџелети, откако двете страни постигнаа заеднички договор за предвремен раскин на соработката.

Анџелети зад себе има одлична сезона во дресот на стружани. Тој беше најуспешниот голман во Првата македонска фудбалска лига, откако на 15 натпревари успеа да ја сочува својата мрежа недопрена. Вкупно забележа 29 настапи во шампионатот и уште два во Купот на Македонија, со што беше еден од најстандардните и најзаслужните играчи во тимот во сезоната 2026/27.

Италијанецот во Струга Трим Лум пристигна минатото лето од екипата на ФК Европа од Гибралтар и за краток период се наметна како еден од најдобрите голмани во домашното првенство.

Од клубот му се заблагодарија за професионалниот однос и придонесот што го даде во изминатата сезона.

„Струга Трим Лум му се заблагодарува на Марко Анџелети за сè што направи за клубот и му посакува многу успех во понатамошниот тек од неговата кариера“, стои во соопштението на струшкиот прволигаш.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови