Струга Трим Лум активно работи на засилување на составот за продолжението од Првата македонска фудбалска лига, а најново име во клубот е младинскиот репрезентативец Адриан Зенделовски.
Дваесетгодишниот играч за врска пристигнува од Шведска, поточно од тимот на Олимпик, каде што во изминатата сезона забележа 21 настап и пет погодоци, бројки што ја потврдуваат неговата офанзивна улога и потенцијал.

Во таборот на стружани веруваат дека Зенделовски ќе донесе свежина и квалитет во средниот ред и ќе биде значајна опција за тренерот Бледи Шкемби во борбата за врвот. Претходно, на стружани им се придружи и голманот Васко Василев од Работнички.
Струга Трим Лум ја заврши есенската полусезона на второто место на табелата, со минимално заостанување од еден бод зад лидерот Вардар, што јасно ги нагласува високите амбиции на клубот за пролетниот дел од сезоната.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Интернационалци
Стефан Ашковски ја продолжува кариерата во Иран
Прва лига
Србинот Мирза Делимеѓац го засили Силекс
Евро-фудбал
Един Џеко потпиша за Шалке
Евро-фудбал
Лоренцо Инсиње би можел да се врати во Наполи?
Интернационалци
Стефан Ашковски ја продолжува кариерата во Иран
Евро-фудбал
Донарума експресно го напушта Манчестер Сити?













