Connect with us

Струга ТЛ ремизираше со Тренчин, Силекс загуби од Бунјодкор

Струга Трим Лум и Тренчин одиграа возбудлив пријателски натпревар во Анталија кој заврши без победник, 2-2. Македонскиот претставник одлично го отвори дуелот и уште во осмата минута стигна до водство преку Марјан Радески, но во продолжението дозволи пресврт. Во период од само 11 минути во второто полувреме, словачкиот состав погоди двапати (59. и 70. минута) и ја презеде контролата врз резултатот.

Сепак, избраниците на Струга не се предадоа и во 78. минута успеаја да израмнат со голот на Христијан Малески, со што избегнаа пораз и го заокружија натпреварот со реми.

Силекс на подготовките беше поразен од Бунјодкор од Узбекистан со 1-2. Единствениот погодок за тимот од Кратово го постигна Али Адиќ.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови