Connect with us

Струга ТЛ подобра од Охрид, Башкими загуби од Камјани, Пелистер ја победи Шкендија Арачиново

Струга Трим Лум забележа победа на денешниот пријателски натпревар, совладувајќи го Охрид со 3-1.

Стружани одиграа сигурен натпревар, а стрелци на головите беа Диаките, Малески и Нухија, кои му ја донесоа победата на својот тим во пресрет на следните предизвици во сезоната.

Во меѓувреме, Башкими продолжува со негативните резултати. По убедливиот пораз од Силекс во првото коло од Првата македонска фудбалска лига, кумановскиот тим беше поразен и на денешниот контролен натпревар.

На пријателскиот дуел одигран во Куманово, Камјани славеше со минимални 1-0, а единствениот погодок го постигна Бесарт Реџепи.

Пелистер славеше против Шкендија Арачиново на Чаир со 0-1. Стрелец беше Кире Ристевски.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови