Connect with us

Струга ТЛ подобра од Малишева

Македонскиот прволигаш Струга Трим Лум го совлада косовскиот тим Малишева со 2-1 во последниот пријателски натпревар пред стартот на новата сезона во Првата фудбалска лига. Стрелци на головите беа Немања Босанчиќ и Емир Скендери.

Стружани ова лето првпат во историјата настапија во европските купови и одиграа помал број пријателски мечеви. Во првото коло од новата сезона, Струга Трим Лум ќе гостува кај Академија Пандев.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови